Актуелно
ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД И ТОПЛО ВРЕМЕ: Половина час чекање и огромни колони за влез во Грција
Огромни колони на автомобили утринава може да се забележат на граничниот премин Богородица, каде се чека и повеќе од половина час за излез од државата.
Продолжениот викенд и најавите за топло време, голем број граѓани го искористија да заминат во Грција.
Од АМСМ соопштуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.


