Актуелно
ПРОЛЕТ ВО ЈАНУАРИ: Сончево со мала облачност, температури до 19 степени
Во Македонија преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, особено на планините и на повисоките места.
Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени – 3 степени. Минус два степени се измерени во Струмица, -1 во Крива Паланка, 0 во Битола и Дебар, 1 во Охрид, Куманово, Претор, Тетово и Скопје, 2 во Штип, Прилеп, Маврово, 3 во Гевгелија, 4 во Крушево, 5 во Виница и Дојран и 6 степени во Демир Капија.
Снег има во Маврово и тоа 10 сантиметри и еден сантиметар во Берово.


