Актуелно
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во западниот дел од земјата ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 19 степени.



