Скопје
Дино Мерлин ќе донесе уникатно шоу за дочекот на 2020-та година во Скопје
Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои ќе одлучат Новата 2020 година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Настапот на Дино Мерлин и дел од новогодишните содржини што ќе ја збогатат претстојната празнична сезона во градот денеска ги најави градоначалникот Шилегов.
Град Скопје заедно со новиот пријател на Скопје, Дино Мерлин, на сите посетители на новогодишната вечер ќе понуди уникатно шоу коешто се подготвува специјално за тој новогодишен концерт и кој долго ќе го паметат присутните. За мене е императив граѓаните коишто ќе дојдат на плоштадот да си поминат убаво, со стандарди на едно шоу што ретко може да се види во нашиот град – рече Шилегов.
Градот Скопје годинава порано го најавува настапот на Дино Мерлин на новогодишната вечер со цел сите обожаватели на неговата музика да можат навреме да испланираат Новата 2020 година да ја дочекаат во пријатна атмосфера и со добра забава во срцето на Скопје.




