Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Голем одзив на скопјани на хуманата крводарителска акција за Голема Богородица (ФОТО)

Скопје

Голем одзив на скопјани на хуманата крводарителска акција за Голема Богородица (ФОТО)

Општинската организација на Црвен крст – Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 17-ти пат ја реализираaт традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.

Акцијата се одржува денес, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.

Инаку оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје.

Валентина Колеска, секретар на општинската организација на Црвен крст – Центар потенцира дека веќе 17 години, околу 150 нови крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има сѐ  повеќе млади луѓе, првократни дарители.

– „Оваа акција веќе 16 години по ред покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Во 2003-та година, кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост, во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв.“ – вели Колеска.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

– „На годишно ниво се прибираат од 52.000 до 55.000 единици крв. Во текот на целата година имаме доволни количини крв од сите крвни групи. Некогаш се случува да недостига одредена крвна група која е поретка и затоа апелираме до граѓаните да не даваат лични апели, туку сето тоа да оди преку Институтот за трансфузиона медицина. И да недостига крв кај нас можеме за два часа да обезбедиме крв од Битола, Штип, Велес, каде ја има одредената крвна група.“ – велат од Институтот за трансфузиона медицина.

Крв може да даруваат не само лица на возраст од 18 до 65 години, туку и меѓу 17 и 18 години, за што треба писмена согласност од родител или старател. Во нашата земја само 15 до 18 отсто од жените даруваат крв, а мажите 82 отсто до 83 отсто.

Организаторите велат дека традицијата покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.