
Скопје
ХУМАНА ТРАДИЦИЈА НА СКОПЈАНИ: По 17-ти пат ќе се дарува крв за Голема Богородица
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2019 година, традиционално по 17-ти пат организира крводарителска акција.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.




