Скопје
Хумана традиција на скопјани – ќе се дарува за Голема Богородица по 18-ти пат
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2020 година, традиционално, по 18-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.





