fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Претставата „Чао пријатно“ денеска ја отвора „Гола месечина“

Скопје

Претставата „Чао пријатно“ денеска ја отвора „Гола месечина“

Претставата „Чао пријатно“ денеска ја отвора „Гола месечина“

Со претставата „Чао пријатно“ вечерва почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар.

Оваа година, заради утврдените протоколи за организирање манифестации од отворен карактер, ќе има карти, кои ќе бидат беспатни и во ограничен број, а нивното подигнување ќе се врши од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10:00 до 14:00 часот секој ден за претставите што се на репертоар за тој ден. Едно лице може да подигне две карти со лична карта за една претстава. Претставите почнуваат во 20.00 часот, а вратите за посетителите ќе бидат отворени од 19:00 часот. Фестивалот ќе трае до 3 октомври.

„Гола месечина“ овој пат ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Фестивалот е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.