Скопје
Истражување за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје – резултатите ќе бидат готови во ноември
Влијанието на сообраќајот во вкупното загадувањето на воздухот во Скопје, како и персоналната изложеност на луѓето на емисиите од сообраќајните средства, се главен фокус на истражувањето кое го работи експертски тим предводен од проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитет Гоце Делчев – Штип и раководител на одделот АМБИКОН, каде се вршат истражувањата и анализите.
Истражувањето се спроведува во соработка со Центарот за климатски промени, здружение на граѓани кое делува во областа на животната средина. Истражувањето ќе биде завршено во ноември годинава, по што ќе бидат објавени целосните резултати и препораки.
Во рамките на истражувањето ќе биде направена и споредба на податоците за концентрациите на загадувачки супстанци за време на ограниченото движење во рамки на рестриктивните мерки за заштита од ширењето на Ковид-19 вирусот во периодот од март до август годинава, кога имаше намалена фреквенција на сообраќај, со податоците од истиот период претходната 2019та година.




