Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Над 60.000 граѓани ја дочекаа 2020 со спектакуларното шоу на Дино Мерлин на плоштадот во Скопје!

Скопје

Над 60.000 граѓани ја дочекаа 2020 со спектакуларното шоу на Дино Мерлин на плоштадот во Скопје!

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот наа новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.

Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.