Скопје се сеќава на кобниот 26 јули 1963 година – 05:17 часот
Рано наутро на 26 Јули, 1963 година Скопје е погодено од земјотрес со интензитет од 6.1 степени (според рихтеровата скала). Со само траење од 20 секунди, првиот и најсилниот потрес, разрушува 65% од градските структури. Во катастрофата над 1000 жители ги губат животите, а бројот на повредени е три пати поголем.
Во текот на денот следуваат низа послаби тремори кои ги вадат сите скопјани на улиците од разурнатиот град. Првите реакции се грижа за повредените и спасување на луѓе заглавени под урнатините. Во ваква атмосфера почнува да се развива силно чувство на заедништво, дисциплина и групен напор за стабилизација по катастрофата.
Вестите за Скопскиот земјотрес брзо се шират, и нашиот град станува главна тема во рамки на светските случувања. Поради неутралноста на СФР Југославија за време на студентата војна, Скопје добива помош од држави од двете страни на железната завеса. Донациите се во форма на медицински средства, крв, вода и храна, како и војници и машинерија за расчистување. Градот претставува симбол на солидарноста и местото каде за прв пат по војната повторно се среќаваат американските и советските војници.




