Скопје
Скопје в недела одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес
Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство.
Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во Дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот. Акцијата ќе биде спроведена по посебни протоколи поради Ковид-19.




