Вести
Стабилно и суво, попладне зголемување на облачноста
Стабилно и суво време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот, почнувајќи од запад, повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и ќе се интензивираат на повеќе места.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 18 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време со утринска температура до 11 и дневна до 27 степени.



