Свет
Трамп и Ким си подадоа рака – заврши самитот помеѓу САД и Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, самитот во Сингапур го оценија како многу успешен.
– „Самитот помина подобро отколку што сите очекуваа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на крајот од историскиот состанок со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, во Сингапур. Трамп додаде дека денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров ќе започне многу бргу.
Двајцата лидери потпишаа документ, чија содржина ќе биде соопштена дополнително.




