Актуелно
Светот пред постигнување на историски договор за климатските промени
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави дека денеска на министрите ќе претстави историски конечен нацрт за нов глобален договор за климатските промени, изразувајќи уверување дека тој ќе биде одобрен.
– По консултациите, утре во 9 часот на сите земји ќе го претставаам текстот што сум убеден, дека ќе биде одобрен и ќе претставува голем чекор за целото човештво, изјави Фабиус, додавајќи дека работата е до самиот крај.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, исто така, изрази уверување дека ќе биде постигнат амбициозен и силен договор, додавајќи дека преговарачите се уште работат на усогласување на одредени прашања, меѓу кои и за тоа кој ќе плати за штетите предизвикани од глобалното затоплување.



