Актуелно
Во Берово утрово измерена најниска температура
Најниската температура утрово е измерена во Берово – 3 степени. Во мерната станица Скопје Петровец и Битола се измерени – 2, во Тетово – 1, во Демир Капија и Струмица 0, во Крива Паланка 1, во Кавадарци, Прилеп, Скопје, Куманово, Штип и Дебар 2, во Лазарополе и Гевгелија 3, во Претор, Маврово и Охрид 4, во Виница 6, во Крушево 7 и во Дојран 8 степени.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне, во Демиркаписката клисура ќе има појава на магла која постепено ќе слабее. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој попладне во западните делови, особено на повисоките места на моменти ќе засилува по интензитет.
