После дождот, доаѓа сонце – викендов значително потопло време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 11 до 21 степен.
Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

