Бурата „Андреа“ го активираше кризниот штаб
Согласно со насоките на кризниот штаб, кој вчера заседаваше, а по најавите за невремето „Андреа“, и поделените обврски меѓу јавните претпријатија, екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен и спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, а екипите на ЈП „Улици и патишта” машински ги чистеа главните одводни канали во Скопје.
Каналите се чистат за да се обезбеди непречен проток на водата од евентуалните обилни врнежи на дожд.
Според најавите, бурата „Андреа“ што се очекува во наредните денови да го зафати регионот може да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар.

