Временска прогноза
Променливо облачно, температура од нула до пет степени
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. По котлините ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Температурата ќе достигне од 0 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 2 степена.
Утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

