Временска прогноза
СТУДЕНО УТРО: Најладно во Берово, најзагадено во Скопје
Во Македонија утринава е ведро и студено. Во сите градови се измерени минимални температури под нулата.
Најстудено е во Берово каде е измерена температура од -12 степени по што следува Скопје Петровец со -11, Демир Капија со -10, Струмица и Битола со -9, Куманово, Штип, Тетово и Скопје со -8. Минус седум степени се измерени во Прилеп и Дебар, – 6 во Крива Паланка и Гевгелија, – 5 во Маврово и Лазарополе, – 4 во Претор, Виница и Охрид, – 3 во Тополчани, – 2 во Пожаране, Дојран во Крушево и -1 во Ѓуриште.
Управата за хидрометеролошки работи за денеска најавува сончево време со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

