Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со засилен северен ветер – од вторник заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен северен ветер, каде што повремено ќе достигнува брзина околу 70км/ч.
Минималните температури ќе бидат од 14 до 21, а максималните до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.


