Видео
Горила убиена во Зоолошка градина за да се спаси четиригодишно дете (ВИДЕО)
Безбедносната служба на Зоолошката градина во американскиот град Синсинати застрелала едно од горилата во градината, откако четиригодишно дете паднало во просторот каде биле сместени животните.
Детето се качило на оградата, но паднало во три метри длабокиот простор уреден за чување на овие големи мајмуни.
Во соопштението на управата на Зоолошката градина се вели дека одлуката да биде усмртено животното е донесена откако било заклучено дека 180 килограми тешката горила ќе го убие детето.



