Низ објективот
„Паркленд“ одбележа 4 години од своето постоење
Вчеравечер во Ресторанот Four, во присуство на многубројни гости, пријатели и соработници, Паркленд ја одбележи 4та година од своето постоење.
На големо задоволство на присутните, со свој соло перформанс во живо настапи светски познатиот виртуоз Влатко Стефановски, продолжувајќи во текот на вечерта со музика во живо со Леана Таќи и пијано и саксофон дуото Никола и Гордан.
4 неверојатни години Парк Хотел и Спа, 1 година од отварањето на Next door park хотел, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, под капата на Parkland Hospitality Group, како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимската работа, визија која ја дели целиот тим и успешното чекорење низ сите искушенија и предизвици.






