Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОВОШЕН ДЕТОКС: 5 видови овошја кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам

Храна и пијалоци

ОВОШЕН ДЕТОКС: 5 видови овошја кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам

Антиоксидансите, кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот и регулирањето на дигестивниот систем, го спречуваат задржувањето на течностите и ги елиминираат вишокот масти и непотребните, а и често штетни, отрови од организмот.

Овошјето богато со влакна и витамини може значително да го подобри вашето здравје и да ви ја врати енергијата, а редовната консумација ќе ја обогати здравата исхрана.

1. Круши

Крушите се многу богати со влакна, што прави подолго време да се чувствувате сити. Доколку сакате да го извлечете максимумот од здравите состојки во крушите, тогаш избегнувајте да ги лупите. Ова овошје содржи два антиоксиданси неопходни за слабеењето – катехинот и флавоноидот, кои целосно ги елиминираат токсините од телото. Внесувањето на крушите во редовната исхрана го регулира холестеролот и ја намалува можноста од развивање дијабетес и кардиоваскуларни болести.

2. Портокали

Вредноста на калориите во портокалите е мала и тие содржат бројни корисни супстанци кои го намалуваат апетитот и желбата за храна и шеќер. Со редовното консумирање на портокалите, нашето тело се хидрира и се намалува количината на калории која дневно ја внесуваме, а се зголемува внесувањето на хранливите материи потребни за правилно варење на храната и оптимално функционирање на дигестивниот систем.

3. Банани

Растворливите влакна од ова овошје се во доволен број за да заменат еден оброк, а доколку дневно консумирате по две банани, од кои едната ќе ја јадете наутро, а другата навечер, ќе забележите значително подобрување во имунолошкиот систем и отпорноста на вирусните и бактериолошките заболувања, додека истовремено ќе го намалите и струкот. Бананите се богати со калиум кој игра голема улога во правилното функционирање на организмот, а во комбинација со чоколадото може да биде совршена ужина за секој спортист, бидејќи ја обновува енергијата.

4. Кокос

На сите ни се познати различните примени на кокосот и производите кои се создаваат од него, како што е кокосовото масло кое е одлично за нега на кожата и регенерација на мртвите клетки. Покрај грижата на кожата, кокосовото масло употребено во соодветни рецепти кои се среќаваат кај диетите за слабеење, може многу да помогне во ослободувањето од вишокот килограми. Кокосот можете да го вклучите и во исхраната, користејќи го како додаток на салатите и лесните оброци.

5. Јаболка

Јаболката изобилуваат со бројни хранливи материи кои се многу корисни за организмот бидејќи помагаат во спречувањето на почестите, но и потешките здравствени проблеми, како што се срцевите болести и инфекциите. Познат е и пијалакот кој се подготвува од јаболка, вода и цимет кој е еден од најефикасните рецепти за намалување на телесната тежина, бидејќи го забрзува организмот и варењето на храната.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.