Смоква – овошје кое го обновува здравјето
Смоквата е овошје кое регенерира, засилува, го одржува здравјето и магично ги „брише“ брчките.
Ова вкусно овошје содржи магнезиум кој е еден од основните елементи кој го штити нашиот нервен систем од стресот. Посебно е важен за нашите коски, имунитетот и здравјето на мозокот. Го поттикнува здравјето и виталноста, ги лекува заболувањата, и го забавува процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум отколку свежите.
Обилуваат со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар, витамини Б6, Ц и бетакаротен. Има ниска содржина на маснотии и поголема содржина на влакна отколку било кое друго овошје и зеленчук. Пектинот е влакно кое го намалува холестеролот во крвта, додека триптофанот помага кај проблемите со циркулацијата и кај несоницата.




