Овошна вода – совршена летна хидратација на телото
Пиењето 8 чаши вода на ден што е препорачаната дневна доза, понекогаш може да биде заморно. Но, внесувањето доволно течности сепак е многу важно за да останете хидрирани во топлите летни денови. Еден начин да ја постигнете оваа цел е во водата да додадете природна овошна арома.
Вода со природна арома и овошен вкус е вкусно и здраво летно освежување. Направете во поголема количина и чувајте ја во фрижидер. Вака подготвената вода со природна овошна арома е здраво освежување, затоа што е нискокалорична и не содржи вештачки бои и ароми.
Еве неколку идеи како да подготвите вкусна и здрава овошна вода без вештачки додатоци.




