Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Праски – сладок извор на витамини во летниот период

Храна и пијалоци

Праски – сладок извор на витамини во летниот период

Праски – сладок извор на витамини во летниот период

Праските се одгледуваат низ светот со векови, а познати се како симбол на бесмртноста и пријателството. Вие можеби го обожавате ова слатко, сочно овошје, но колку знаете за неговата историја или придобивки за здравјето?

Прочитајте ги следните 8 здравствени факти за сочните праски и уживајте во нивниот вкус.

  1. Потекло на праските: Праските припаѓаат на фамилијата рози и водат потекло од Кина.
  2. Сезона на праските: Праските се симбол на летото. Најдобри за консумација се од месец Јуни до крајот на Август.
  3. Нутритивни вредности: Праските се нискокалорични и се погодни за честа консумација. Една голема праска има помалку од 70 калории и содржи 3 грама растителни влакна. Растителните влакна ги помагаат и регулираат движењата на дебелото црево, и го регулираат нивото на холестерол.
  4. Витамини: Овие сочни и вкусни овошја, претставуваат природни пакетчиња со витамини. Праските содржат 10 витамини, А, Ц, Е, К и шест витамини од групата Б.
  5. Минерали: Секојдневно, ние консумираме многу токсини преку исхраната, кои му штетат на бубрезите. Праските содржат големи количини на калиум, кој го намалува ризикот од болести на бубрезите. Покрај калиум, праските содржат магнезиум, фосфор, цинк, бакар, манган, железо и калциум. Овие минерали ги штитат црвените крвни клетки, нервниот систем и коските.
  6. Биоактивни состојки: Истражувањата утврдиле дека праските содржат биоактивни состојки кои помагаат за намалување на телесната тежина, имаат анти-воспалително дејство, го намалуваат ризикот од дијабет и оксидацијата на лошиот холестерол, со што штитат од кардиоваскуларни болести.
  7. Го штитат здравјето на очите: Праските содржат лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин кои се одлични поддржувачи посебно на здравјето на очите и организмот во целост. Редовна консумација на праски помага во превениција на катаракта или повеќе познато во народот – перде на очите.
  8. Праските се одлични за здравјето: Благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, праските ја подобруваат работата на одбранбениот (имуниот) систем на организмот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Храна и пијалоци

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.