Ви препорачуваме
ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Во јули промоција на новата книга за Хари Потер
Речиси никој не веруваше дека волшебниот свет на Хари Потер, по седум книги, ќе заврши само така. За тоа сега добивме и официјална потврда дека сагата продолжува.
Новата книга од серијалот ќе биде објавена во јули оваа година под насловот „Harry Potter and the Cursed Child“, а станува збор за литературна форма на сценарио за актуелната истоимена претстава.
– Читателите и гледачите последен пат го видоа Хари како се поздравува со децата на перонот 9 и три четвртини, 19 години по битката за Хогвортс, во епилогот „Harry Potter and the Deathly Hallows“, потсетува издавачот, магазинот „Потермор“.




