Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Караванот на убавина на AVON утре пристигнува во Градскиот парк во Скопје

Занимливости

Караванот на убавина на AVON утре пристигнува во Градскиот парк во Скопје

За сите љубители на козметиката, убавата шминка и негуваниот изглед, AVON го најавува фантастичниот караван на убавината кој ќе посети повеќе градови низ Македонија, а утре (2 септември, сабота) од 10 до 18 часот ќе биде во Скопје во Градскиот парк кај Школка.

Дозволете си себеси моменти на уживање со бесплатна шминка од страна на професионален шминкер, кој ќе сподели и совети за нега и убавина.

Претставниците од AVON со задоволство ќе ве информираат за палетата на производи и новитети. Но тоа не е сé, бидејќи светот на AVON ветува уште поголеми задоволства и радости, со бројните подароци и изненадувања кои следуваат на лице место. Сите млади мајки кои сакаат да дојдат на овој несекојдневен настан, ќе можат да дојдат и со своите деца, кои ќе биде подготвено специјално катче за игра и забава.

Тимот на AVON ги очекува сите заинтересирани во Градскиот парк во Скопје кај Школка на 2-ри септември, од 10 до 18 часот.

Нека тоа биде Ваш ден за уживање!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.