Sci-fi
Патнички авион на водород ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа
Компанијата “Дестинус” од Швајцарија го развива патничкиот авион на водород кој ќе го намали времето на летот меѓу Европа и Австралија на само четири часа.
По двегодишно тестирање, успешните летови ги потврди на крајот на 2022 година. Сега, шпанското Министерство за наука го избра “Дестинус” да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства за истражување и развој на суперсонични летови користејќи водород како гориво.