Цеца организираше спектакл за роденденот на внукот Жељко (ФОТО)
Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца организираше голема прослава во еден белградски ресторан по повод првиот роденден на нејзиниот внук Жељко Ражнатовиќ.
Цеца блескаше и не ја симнуваше насмевка од лицето, а истакна дека Жељко бил во смокинг што го носел неговиот татко Вељко за неговиот 1 роденден. Цеца истакна дека е многу среќна, горда и вљубена во внукот.
Анастасија Ражнатовиќ веќе подолго време се подготвуваше за роденденот на Жељко, а особено за подарокот што ќе биде негов спомен за сите времиња. Пејачката накратко прокоментира дека повеќе го сака својот внук отколку животот, но дека и покрај големата љубов кон децата, сепак не е подготвена да стане мајка.




