Доделени наградите од 100.000 денари во рамките на Скопската фото недела
Скопската фото недела која се емитуваше во живо од амфитеатарот на ФОН Универзитет а повеќе илјадна публика го следеше настанот – онлајн, заврши со голем број на предавања на експерти кои отворија нови димензии на културата во Скопје но и националната фотографска и кинематографска сцена.
Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, Тwo Clicks, Влатко Рафески, 3D Baba и Томислав Георгиев, беа дел од овогодинешните предавачи, а публиката можеше директно да поставува прашања и да експериментира со своите објективи во реално време.
Оваа година во рамките на скопската фото недела беше објавен и конкурс за најдобра фотографија на Скопје а во категорија од речиси 1200 пристигнати апликации од кои над 800 кои беа постирани на Инстаграм на хаштагот #SPW2020, 9 членото жири ги додели и паричните награди.




