Горан Пандев е Маж на годината за 2020 (ГАЛЕРИЈА)
Горан Пандев е официјално Маж на годината за 2020 година во избор на овогодинешното издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.
Овогодинешното издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното. Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.
Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер на годината отиде кај Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 наградата заслужено отиде во рацете на Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк.










