Низ објективот
Искрено со Перо Антиќ: „Имам нова љубов и среќен сум!“
„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ за „Репортер“, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот.
Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста во инервјуто за Репортер: Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој има стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто прозборе првпат и за новата љубов. „Навистина сум среќен“, открива Антиќ.
Со него муабетот не може да е досаден. Зборувавме за сè и сешто – од времињата во НБА кога играше за „Аталанта“, па вели: Таму сè е опуштено, нема ни тренинзи, пред натпревар се излегува во град. Замисли, кога играв во „Црвена звезда“, на Жељко Обрадовиќ да му кажам дека ќе излезам во град вечерта. Ама и сега ми е тешко во студио гласно да го изговорам ова“, низ насмевка раскажува Антиќ, актуелен претседател на КФМ.



