ИСКРЕНО СО КАТАРИНА РАДИВОЈЕВИЌ: „Го избрав потешкиот пат за да имам дете“
Српската глумица Катарина Радивојевиќ неодамна во Скопје го промовира својот нов филм „Нечиста крв“. Актерката, која и денес за многумина е Зона Замфирова, за малку ќе задоцнеше на скопската премиера.
„На граница имаше долга колона, па отидов до полицијата и ги молев да нè пуштат преку ред. Кога ме препознаа, ми рекоа: ‘Зоне не смее да доцни’, па ме пуштија. Мислам дека никогаш нема да излезам од сенката на оваа улога“, ни раскажа Катарина.
Првата улога ја добила на 11 години во серијата „Полицаецот од Петлово Брдо“, каде што ја глумеше ќерката на Љубиша Самарџиќ.




