Низ објективот
МОДНА РАЗЛЕДНИЦА ОД „ФЕШН ГРУП“: Животот се промени – доаѓа убавина! (ВИДЕО)
Дефинирај го „новото нормално“… Што всушност значи тоа? Постои ли нешто како „ново нормално“?
Нормалното е само нормално, но сосема неочекувано, му се случи неверојатна пресвртница. Дојде време да прифатиме нови предизвици на кои не се надевавме. Модата, доби нов сојузник. Сојузник кој можеби ни ја крие насмевката, но затоа пак очите ја говорат целата приказна.
Приказната што ние ви ја раскажуваме оваа сезона доаѓа од местата за кои знаевме дека постојат, но ретко имавме време да ги посетиме. Овој септември, ги уживавме.










