Porsche Taycan во „електрична“ експедиција низ Македонија
Првиот електричен автомобил нa производителот на спортски автомобили Porsche – Taycan, заедно со проектот Discover The Unknown (Откриј го Непознатото), започна со „електрична“ експедиција во истражување на уникатноста на градовите и спектакуларните места кои ја претставуваат природната убавина на регионите во Централна, Источна Европа и Балканскиот Полуостров.
Како дел од проектот, во нашата држава преку јужната граница, пристигна караванот кој го сочинуваа снимателска екипа, тимот за поддршка од Порше Македонија на главниот истражувач – Porsche Taycan Turbo S и нашите Порше пријатели во државата.








