Норвешка победи на „Евровизија“ – но, во категоријата најлошо облечени
Музичкиот магазин „Сонгфестивал“ традиционално секоја година по ред ги избира најлошо облечените учесници на Евровизија, а неодамна го објавија и овогодинешниот список.
Победникот на листата, односно носителот на титулата – најлошо облечен учесник на Евровизија, е претставникот на Норвешка, Тикс. Изведувачот за време на настапот носеше долго бело крзнено палто, светкав костум и ангелски крилја на сцената во Ротердам.




