ЛЕТНА СЕЗОНА ВО РЕСТОРАН „FOUR“: Процент од приходот ќе оди во хумани цели преку „Проект Среќа“
Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска се дел од музичката програма кои ќе настапат по повод отворањето на градината на ресторанот „Four“ а со тоа ќе бидат дел од хуманитарната акција „Среќна Школска Година“ на „Проект Среќа“. Процент од профитот на ресторанот во период од 23-ти до 30-ти јуни ќе биде издвоен за акцијата наменета за децата со социјален ризик.
– За нас ова отворање има посебно емотивно значење бидејќи периодов беше тежок како професионално така и приватно. Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет. Со хуманитарната акција на градината ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик. Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп.






