Низ објективот
Вкус кој се споделува со генерации: „Краш Бонбониера” повторно ги отвори вратите на ул. Македонија
Приказната за Краш има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации“ под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија.
Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и Хрватската амбасадарока Нивес Тигањ.
– Нашите соработници во Македонија ја следат визијата на „Краш” најдобар бренд на Балканот и поим за чоколади и слатки за идните генерации. Приказната за „Краш“ има иднина и треба да се споделува со генерации бидејќи „Краш” бил и останува омилен бренд кој треба да го негуваме. -рекоа Невен Пивац мнозински акционер и Славко Ледиќ претседател на управниот одбор на „Краш Хрватска”.




