„Скопско“ со поддршка за македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство
Пивара Скопје и СКОПСКО постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство, што ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули оваа година.
СКОПСКО, како докажан пријател на спортот и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, пред и за време на првенството, интензивно се подготвува за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери во нивниот историски настап на едно големо фудбалско натпреварување. За таа цел, во соработка со ФФМ, ќе биде реализирана кампања под мотото „Заедно и сѐ е можно“, во која составен дел е навивачката химна „Одиме на Европско“. Во создавањето и изведбата на навивачката химна, за која е креиран и видео спот, учествуваат домашни музички ѕвезди обединети во бендот „Вис Рисови“.
Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на првенството, на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани СКОПСКО и СКОПСКО Smooth лименки кои се посветени на фудбалот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија лименки започна од 26-ти април.





