„Тешко мене без тебе“ – хит во најава на Лила и Филип Пешевски (ФОТО)
„Тешко мене без тебе“ е новиот хит во најава на водителката Лила Филиповска и младиот поп-пејач Филип Пешески.
За истиот, деновиве, во режија на Томато продукција, се снима и високобуџетен спот на неколку локации низ Скопје.

– „Сакам да му помогнат на Филип, како млад и талентиран артист. Најинтересно беше танцувањето со девојките во стилот на Џеј Ло“ – вели Лила, возбудена од сорабоката со Зоран Василевски – Фаци кому овој спот му е прв продукциски проект во кариерата.
Фаци вели дека станува збор за високобуџетен проект кој ќе биде промовиран и надвор од границите на нашата земја.
– „Идејата ми беше да направам високо буџетен спот. Да покажеме дека и ние имаме убави жени и добри пејачи кои треба да ги промовираме надвор од Македонија. Да покажеме дека имаме мода и луксуз како сите земји од Балканот но и подалеку. Наскоро следува официјална промоција на песната и спотот во луксузниот „Ми Каса“ на Кале. Ќе ја направиме во стилот на светските промоции“ – додава Василевски.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на снимањето:
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.






