ВРСКАТА Е ОФИЦИЈАЛНА: Џеј Ло и Бен Афлек фотографирани на романтична вечера (ФОТО)
„Бенифер“ е интернет кованицата со која се опишува ново старата љубовна врска – Џенифер Лопез и Бен Афлек. Тие не се одделуваат ни на момент, а сега се фатени како разменуваат нежности.
Имено, актерот и латино дивата се повторно заедно 17 години по раскинувањето на веридбата и изгледаат заљубени повеќе од било кога.
Американската пејачка Џенифер Лопез (51) и актерот Бен Афлек (48) беа фотографирани додека одеа на романтична вечера во Лос Анџелес, а по тој повод не можеа да ги тргнат рацете еден од друг.






