Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НЛО на небото над Мајами? (ВИДЕО)

Видео

НЛО на небото над Мајами? (ВИДЕО)

Низ социјалните мрежи викендов се прошири видео на кое се гледа како „неидентификуван летечки објект“ (НЛО) се појавува на небото над аеродромот во американскиот град Мајами.

Како што објави „Дејли Мејл“, на видето јасно се гледа необична сина трага што ја остава „НЛО-то“ на ноќното небо над аеродромот.

Видеото предизвика голема дебата низ социјалните мрежи околу постоењето живот на други планети, наводна посета на вонземјани или нивна подготовка за инвазија на Земјата, а секако во дискусиите се вклучија и неизбежните поддржувачи на теориите на заговор.

Сепак на крајот, сите тие останаа разочарани, бидејќи, како што наведува „Дејли Мејл“, се утврди дека „сината трага на небото“ всушност ја оставила ракетата „Атлас“, кој тогаш била лансирана од вселенскиот центар „Кејп Кенеди“ на Флорида.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.