Подгответе го вашиот клима уред за летната сезона
Клима уредите најчесто се користат за ладење, но во последниот период опсегот на работата им е зголемен со тоа што модерните клима уреди имаат вградено инвертер технологија.
Преку инвертерот се отвара можност клима уредите да се користат и како системи за греење. Но како и да е, без разлика дали зборуваме за грејна сезона или за сезона на ладење, пред да започне истата, потребно е климатизерот да е правилно исчистен. За да се исчисти клима уредот, не треба од истиот да почне да излегува непријатен мирис, или да се затне па да не може да ја постигне саканата температура, туку чистењето на истиот треба да премине во навика.
Квалитетот на воздухот е најбитен фактор за луѓето кои престојуваат во определена просторија, а тој директно зависи од квалитетот и чистотата на филтерот на внатрешната единица од клима уредот. Преку одржувањето (чистењето) се влијае на чистотата на воздухот, кој циркулира во просторијата, а самото ова допринесува и за зголемување на животниот век на клима уредот.




