ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Дали знаевте за лековитите својства на семките од лубеница
Лубеницата на многумина од нас ни е омилено овошје. Одвај ја чекаме сезоната на лубеници за да вкусиме сочно, слатко и не многу калорично овошје.
Но, семките од лубеница сите ние ги фрламе. Не знаеме дека се корисни како храна но, и како лек особено за здодевните уринарни инфекции. Може да помогнат повеќе отколку што може да замислите.
Семките од лубеница имаат многу малку калории, а висока нутритивна вредност. Содржат магнезиум, фолна киселина и диетални влакна. Но, она што треба да знаете е дека не смее и нема да имате никаква придобивка ако ги голтате цели. Многу е важно да ги исецкате или сомелете.



