Видео
Радио водител се зклучил во студио и 24 пати по ред ја пуштил „Last Christmas“ (ВИДЕО)
Водител во една радио станица во Австрија се заклучил во радиското студио и во пресрет на католичкиот Божик, 24 пати по ред ја пуштил песната на култната британска група од 80-те години на минатиот век „Уем“ – „Last Christmas“ („Минатиот Божик“)
За време на збрката што настанала додека колегите го убедувале водителот да се откаже од оваа налудничава идеја, во радиото Антене Карантен се јавила и неговата мала ќерка, која го преколнувала својот татко да престане со „маратонот, бидејќи песната сите ги излудува“.
Програмскиот директор на радиото Тим Боднер изјави дека 27-годишниот водител на овој начин сакал да направи „предбожиќна шега“.




