Видео
Рекорд за Гинис: Го прекрил телото со 637 илјади пчели (видео)
Кинезот Руан Лијангминг неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако целото тело го прекри со најмногу пчели досега.
На неговото тело се наоѓале 637 илјади пчели, вклучувајќи и 60 пчели матици, кои ги привлекувале останатите пчели. Прекривката од пчели тежела 63,7 килограми.
Лијангминг со пчеларство се занимавал 19 години, а ова не е прв пат со помош на пчели да се обидува да влезе во Гинисовата книга на рекорди.




