Убавина и здравје
Цреши – мелем за душата и телото
И на исток и на запад, црешата носи добрина. Во Кина и во Јапонија црешовото дрво е симбол на младост и љубов, а пак во Англија претставува среќа.
Во почетокот на летото задолжително јадеме цреши. Црешите се мелем за душата и телото. Тие се препорачуваат како лек за срцето и за закрепнување на организмот. Црешите се богати со флавоноиди- моќни антиоксиданти, кои го забавуваат стареењето и го закрепнуваат имунитетот. Црешите содржат многу витамини и минерали. Од витамините застапени се А, В, С, магнезиум, железо, калциум, растителни влакна и други корисни материи.
Во црешите има големи количества на вода, со што се забрзува метаболизмот и се подобрува варењето. Алтернативната медицина ги препорачува при болки во мускулите и зглобовите. Поради тоа што содржат железо, тие се препорачуваат кај лица кои страдаат од анемија. Црешите го чистат организмот од токсините, а влијаат и на намалувањето на стресот. Доколку изедете една рака цреши пред спиење, полесно ќе заспиете и ќе имате пријатни соништа.


