Метеопатија – најчеста болест на модерното општество
Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија.
Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 – 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество.
Иако најзагрозени се лицата во средно доба, особено жените, метеопатијата ги погодува сите категории, од најмладите до најстарите. Дури половина од популацијата во Средна Европа е засегната од временските влијанија.




